Охрид ќе сади црвени сливи додека не стигнат...
сабота, 10 февруари 2018

crvenislivi1q.jpgВо Охрид наскоро ќе се засадат црвени сливи кои треба да ги заменат исушените палми кои предходната власт  од охридското крајбрежје сакаше со сила  да направи медитерански град.

Од околу  200 палми  над 100  веќе се искорнети од охридскиот кеј и од  локации во неговата близина.

 

grdanoski1q.jpgВо овој мометн чекаме да пристигне поголема количина на црвени сливи,автохтоно дрво кои ќе бидат засадени на охридскиот кеј каде што беа палмите.Три дрва веќе се засадени во централниот дел на Охрид и тие се покажаа издржливи на временските услови кои владеат на охридското подрачје.Вакви дрва ќе бидат засадени и на други локации”,ни изјави директорот на Охридски Комуналец Љупчо Грданоски.

 

Грданоски појаснува дека имале проблем со набавката на јапонски цреши кои беа најавени како замена за исушените палми.

 

Добивме информација дека сега нема  увоз на овие дрва.Увозот го врши една фирма од Кавадарци.Ние не се отакажавме од јапонските цреши,што го најавивме уште кога беа корнати исушените палми.Штом се увезат во Македонија и ние ќе ги добиеме,појаснува Грданоски.

 

 

 

Последни измени ( сабота, 10 февруари 2018 )