Македонија успешно стартуваше на Европското ...
сабота, 13 јануари 2018
lazaru1q.jpgМакедонската ракометна репрезентација имаше победнички старт на Европското првенство во Хрватска, откако во Загреб ја совлада селекцијата на Словенија со 25:24, па иако ова е само прво коло, овие бодови би можеле да се покажат клучни за пласман во вториот круг.

Избраниците на Раул Гонсалес слабо и деконцентрирано го отворија натпреварот, за што придонесе и одличниот словенечки голман Матавж Скок, но од финишот на првото полувреме почна вистинската битка на теренот, кога прво успеавме да анулираме негатива од три гола.

Во нов развој на настаните, Македонија поведе со четири гола на стартот на вториот дел, но мечот, сепак, се решаваше во последните моменти.

Словенците беа тие кои психолошки попуштија во финишот на средбата, па не успеаја да ги искористат своите последни четири напади.

Следниот меч Македонија го игра в понеделник, против Црна Гора, од 20.30 часот.