Црвен крст утре ќе одржи музичко-сценски...
сабота, 13 јануари 2018
plo1qq.jpgВо рамки на проектот на локалната самоуправа „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ волонтерите на Црвен крст Охрид на сцената на „МАЛИОТ ПЛОШТАД“ (КАЈ МИНИМАРКЕТ) утре, 14.01.2018 г., (недела)  во 13:00 ч. ќе  изведат музичко-сценски перформанс, со кој, преку глума, пантомима, музика младите на Црвен крст Охрид ќе испратат силна порака за мир, хуманост, толеранција...Ги покануваме нашите сограѓани и гости да го прследат овој интересен настан.