Кичевчанец имал магацин со оружје
сабота, 13 јануари 2018
oru2q.jpgНа 11.01.2018 година во Кичево  во домот на С.Ѓ. (49) од страна на полициски службеници од Полициската станица-Кичево, по наредба од Основен суд –Кичево, извршен е претрес во неговата куќа, при што бил забележан неговиот син Ј.Ѓ. како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки, става огнено оружје.

Од страна на полициските службеници  извршен е преглед во возилото, при што пронајдени и одземени се: три пиштоли, една автоматска пушка, една полуавтоматска пушка, ловна и воздушна пушка, рачна бомба, една граната за светлосен сигнал, една звучна граната, топовски удар, повеќе оквири за автоматска и пиштолска муниција и околу 270 парчиња пиштолска и автоматска муниција. Ј.Ѓ. е лишен од слобода и однесен во Полициската станица -Кичево, а од судија на претходна постапка одредено му е мерка притвор од 30 дена. 

oru1q.jpg