Бова доплива пред зградата на Капетанијата
петок, 12 јануари 2018

bova1qs.jpgЕдна  од бовите со кои се  обележуваат водените патеки во Охридското езеро доплива токму пред зградата на Капетанијата во Охрид,кај градското пристаниште во Охрид.Овие пловечки објекти,тешки по стотина килограми,ги корнат брановите и ги носат кон охридскиот брег.

 

Во водите на Охридското езеро има 32 вакви бови,пловечки знаци кои ја обележуваат граничната линија кон Албанија и водените патеки во езерото по кои пловат бродовите,глисерите,кајчињата.

 

Оваа бова што е на градскоот пристаниште ние ја донесовеме заради промена  на сидрото и материјалот со кои тие се врзуваат за да не ги откорнат  брановите.Вакви зафати треба  да има на околу дванаесеттина бови.Потребна е измена на сидрото и везниот материјал.Тоа ќе го направиме во текот на април-мај годинава,вели капетанот на Капетанијата во Охрид Горан Устијановски.

bova2qs.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

И порано се случувало брановите да ги откорнат бовите,а едно време,пред околу десеттина години,немаше речиси ниту една бова на граничната линија со Албанија.

bova3qs.jpg