Стружанец украл телевизор од кафуле
четврток, 11 јануари 2018

kradec500a.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (29) од Струга.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 29-ти декември минатата година  во угостителскиот објект „Аква блу“ во Струга. Тој, насилно со употреба на физичка сила, го скршил прзорецот, влегол во внатрешноста на објектот и извршил пребарување, одзел еден телевизор по што избегал.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 6.000,оо денари.