Кралицата Елизабета има само два слободни дена во...
вторник, 09 јануари 2018
elizabeta1q.jpgИ на 91 година, британската кралица Елизабета Втора останува една од најработливите членови на кралското семејство. Всушност, има само два дена во годината кога кралицата не прима црвена кутија од владата со разни документи, кои што треба да ги прочита, а понекогаш и да ги одобри и да ги потпише.

Улогата на кралицата како шеф на државата значи дека таа треба да биде информирана за сè што се случува во земјата и во светот и во само два наврати не е обврзана да ја чита содржината на црвената кутија, на Божик и на Велигден.

Освен црвените кутии кои што таа ги добива секој ден, кралицата еднаш неделно се сретнува со премиерот и тоа вообичаено се случува во Бакингемската палата во среда во 18.30 часот. Иако кралицата е политички неутрална, таа е добро информирана за политичките прашања и има право да го каже својот став за време на средбите со премиерот.

Последни измени ( вторник, 09 јануари 2018 )