Бившите сопруги на Бред Пит заедно на сцена
недела, 07 јануари 2018
bivsi1qq.jpgЗдружението на странски новинари во Холивуд полека ја објавува листата презентери за претстојните Златни глобуси и последно беа додадени Џенифер Анистон, Анџелина Џоли, Хелен Мирен и Ема Стоун.

Анистон и Џоли, кои се бивши сопруги на Бред Пит, ретко се појавуваат на исти настани, но годинашната свеченост е посветена на здружувањето на жените, благодарение на движењата #MeToo и Time’s Up, па така и пораката е поголема отколку приказните на таблоидите.

Анистон неодамна донираше 500.000 долари на кампањата Time’s Up GoFundMe, а парите се наменети за фондот за правна помош на мажи и жени-жртви на сексуално насилство, напад и мобинг, без разлика во која сфера работат.

Џоли, пак, беше меѓу големиот број актерки кои јавно проговорија за тортурата од моќниот холивудски продуцент Харви Вајнстин.

„Во младоста имав лошо искуство со Харви Вајнстин и затоа одлучив никогаш повеќе да не соработувам со него и ги предупредив останатите колеги. Таквото однесување кон жени на кое било поле, во која било земја, е недозволиво“, изјави таа за „Њујорк тајмс“.

На листата презентери се и Хали Бери, Емилија Кларк, Кели Кларксон, Пенелопе Круз, Хју Грант, Кит Харингтон, Крис Хемсворт…