Ноле се пријави,па се откажа од турнирот во Абу Даби
сабота, 30 декември 2017
noleg1q.jpgНовак Ѓоковиќ, сепак, нема да се врати на тениските терени оваа година, откако го откажа настапот на егзибицискиот турнир во Абу Даби. Тој требаше да игра во полуфиналето со Роберто Баутиста Агут, што ќе му беше прв меч по шест месеци пауза, но се повлече поради нови болки во лакотот.

„Разочаран сум што морав да се повлечам од турнирот. За жал, последниве денови ми се појави болка во лакотот и лекарите ме советуваа да не ризикувам и да продолжам со терапии. Тажен сум, затоа што многу се радував на повторното играње официјални мечеви. Но, мора да ја прифатам оваа ситуација. Ова би можело да влијае врз моите планови за почетокот на новата сезона“, кажа Ѓоковиќ.

Тој нема играно од Вимблдон летоска и место да оди на операција на десниот лакот, реши да земе неколкумесечна пауза. Тоа го чинеше пад на 12. место на АТП-листата.