Во Германија за Божиќ украле колбаси во вредност од...
среда, 27 декември 2017
kolbasi1q.jpgЕдна од најтрадиционалните работи во Германија се колбаси, па затоа не чуди што крадците во централниот град Хомберг не можеле да им одолеат, кога тргнале во поход по затворените продавници за време на божиќните празници.

Тие собрале колбаси во вредност од 800 евра, кога упаднале во една месара во градот.

Грабежот се случил вчера вечер, кога е вториот неработен ден во Германија за Божиќ или денеска рано наутрол, полицијата не можеше да потврди.

„Тие влегле на предната врата и потоа го испразниле одделот за колбаси. Оттаму си заминале со плен од околу 800 евра“, соопшти локалната полиција.