750 години од насликувањето на иконата на Свети Ѓорѓи
недела, 24 декември 2017

ikona1qq.jpgВо црквата Свети Ѓорѓи во Струга по повод 750 години од насликувањето на  иконатна на Свети Ѓорѓи денес се одржа богослужба со која чиноначалствуваше  владиката Тимотеј.Целивалната резба  ја направил Новица Столески од Струга,Фотки од свеченоста направи познатиот охридски фоторепортер Томе Љушев.

Новица Столески е еден од најистакнатите македонски копаничари. Роден е во свештениот град Струга во 65-тата год. од векот што измина. Тој ја напуштил добро платената работа во телеком и му се посветул на копаничарството.

Иконата на Св. Ѓорѓи припаѓа на групата од некоклуте најстари икони во Македонија и поседува особено културно-историско значење и високи стилско– ликовни и уметнички особености. Иконата на Св. Ѓорѓи е насликана во 1267 година во Струга од зографот Јован.

ikona3qq.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Иконата е влезена во сите значајни прегледи на византискиот иконопис од втората половина на 13 век век, и во каталозите на најубавите дела на средновековниот иконопис од Македонија.

ikona2qq.jpg

Иконата е откриена во 1959 година.