Колата на Весна Петрушеска плива во Вардар
понеделник, 18 декември 2017
vesna1ww.jpgКолата што Пожарната бригада уште ја вади од Вардар е на актерката Весна Петрушевска.

Петрушевска за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не знае како се нашло нејзиното возило во Вардар бидејќи таа кога одела на проба во МНТ ја паркирала колата под мостот и влегла во театарот.

„Уште сум во шок, не знам што се случило. Бидејќи немаше место на паркингот, се паркирав под мостот, каде постојано сите колеги ги оставаме колите. Јас сум шофер од 17 години, уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси колата сама да тргнала и да падне во Вардар“ вели Петрушевска.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив е пријавено дека кола плови во Вардар и дека според досегашните сознанија нема патници во неа. Се работи на отстранување на возилото од реката, велат од МВР.

Текст и фото:СДК

Последни измени ( понеделник, 18 декември 2017 )