Чудесно село во Иран
недела, 17 декември 2017
masuleh1qq.jpgВо иранското село Mасулех, длабоко во планините Алброз, секој поглед е поглед од покривот.

Селото е светска атракција поради начинот на којшто било изградено на стрмните планини, кои го држат безбедно од поплави во долината. Креативниот начин на жителите да искористат што повеќе од просторот бил да ги изградат куќите така што покривот на секоја од нив е предната градина на куќата над нив.

Изградени од земја, камен и дрво, покривите требало да бидат отпорни на влажната клима, но, истовремено, и на константниот помин на пешаци.

Масулех е денес популарна туристичка дестинација во Иран и покривите сега личат на улици на некој голем град. Хотелите се главно лоцирани на пониските нивоа, во близина на влезот во селото. Туристите сакаат да се во близина на чаршијата, опкружена со кафулиња и ресторани на покривите, додека повисоките нивоа обично се помирни и понеразвиени.

Масулех веќе долго време е трговски центар. Со векови, луѓето доаѓаат од целиот регион за да ги продаваат своите производи. Во почетокот на 20. век, селото било бастион на движењето Џанглали, кое се спротивстави на окупацијата на Иран од страна на отоманската, британската и руската војска.

Не сите улици можат да држат толку голема тежина, па сообраќајот на возила е дозволен само до одредена точка, кога се качува по планината.

Ако некогаш одлучите да патувате во оваа село, тогаш пробајте „мирзах газеми“ во еден од рестораните над пазарот: зачинет персиски специјалитет со тиква, црн патлиџан, лук и јајца, сервиран како чорба.