За новиот "Мекларен" плаќаат и по 750 илјади фунти
четврток, 14 декември 2017
mekl1q.jpg„Мекларен“ го именуваше својот нов хиперавтомобил според легендарниот Формула 1 шампион Аиртон Сена, што е првиот од двата најавени луди модели на компанијата.

„Мекларен Сена“ е автомобил за кој британската компанија вели дека „има дозвола за друмско возење, но не е направен да одговара на тоа“. Тој се базира врз патничкиот автомобил „720С“ и е погонет од четирилитарски двоен В8 турбомотор, што произведува 789 коњски сили.

За разлика од постојниот хиперавтомобил „П1“, „Сена“ е дизајниран, пред се, за тркачка патека.

„Ова е нашиот најекстремен патнички автомобил досега. ‘Мекларен Сена‘ е автомобил како ниту еден друг. Тој е персонификација на тркачкото ДНК на компанијата и иако има дозвола за друмско возење, развиен е за патека“, вели извршниот директор на „Мекларен“, Мајк Флуит.

„Мекларен“ ќе направи само 500 вакви автомобили и сите 500 веќе се резервирани по цена од 750.000 фунти. Тој ќе го има официјалното деби на Автосаемот во Женева во март.