Ридче од шут на влезот во Охрид
среда, 06 декември 2017

shut1wd.jpgВо населбата Далјан,на самиот влез во Охрид од правец на Струга, никна цело ридче од градежен шут.Овде  отпадот го одлагале градежните фирми кои интензивно градат нови објекти низ градот.Шутот е во близината на езерото и на поголем број станбени згради.Сега бившата локална власт ги толерираше вавките активности и не преземаше мерки се со цел да не ги иритираат моќните сопственици на градежни фирми,посебно пред последните локални избори.

Новиот директор на Охридски Комуналец Љупчо Грдановски свесен е за ваквата состојба,но вели дека налог за подигање на шутот треба да даде општинската комунална инспекција.

 

Го знам тој проблем.Тоа ридче е создавано се месеци.Меѓутоа, ние не можеме  ништо да преземеме се додека не добиеме налог од општинската комунална инспекција.Штом добиеме таков налог ние ќе го остраниме шутот.Јас можам да ви кажам дека предходана власт ни остави со десетици локации со шут,а за негово дислоцирање ни треба време.За нас е битно да се покријат трошоците за подигнање на шутот,бидејќи тоа не е во наша надлежност.Средства треба да обезбеди локалната самоуправа,ни изјавии Љупчо Грдановски,директор на Охридски Комуналец.

shut3wd.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во Охрид градежен шут има на повеќе локации,посебно на влезовите во градот..