Од "ТТК-банка" во Струга ограбени 60 илјади денари
среда, 06 декември 2017

kradec500a.jpgСВР Охрид и полициската станица од Струга преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „разбојништво“ извршено вчера во експозитурата на „ТТК банка“ на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга.

-Засега непознатиот сторител, вчера околу 08 часот, со спортска капа на глава и пиштол во рака, влегол во банката преку влезната врата, се приближил до шалтерот и пиштолот го вперил кон вработената службеничка. Притоа, со гласно викање, побарал во најлон кесата што ја имал да бидат ставени парите, што од страна на вработената било направено. Потоа, засега непознатиот сторител, го ставил пиштолот во појасот и излегол низ влезната врата,изјави Стефан Димоски,портпарол на СВР-Охрид.

На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид под водство на Јавен обвинител и полициски екипи. Со извршувањето на казненото дело, направена е материјална штета од околу 60.000,оо денари.