Мукоски и Арнаудов однесени од судот со...
вторник, 05 декември 2017
mukoski1q.jpgПратениците Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски попладнево во придружба на полициски службеници го напуштија Основниот суд Скопје 1 и беа внесени во полициски комбиња, објави државната агенција МИА. Засега нема известување од Судот дали им е одредена мерка притвор на двајцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Останатите четворица пратеници Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Сашо Василевски, кои, исто така, беа на распит пред судија на претходна постапка сè уште се во судот.

Мукоски, Тарчуловски, Пешевска, Василевски, Арнаудов и Димовски се дел од групата 36-мина осомничени за кривичното дело за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април. Минималната казна за ова кривично дело е 10 години.

На 1 декември, Собранието со мнозинство гласови „за“ го прифати барањето за одобрување притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски (66 гласа „за“), Крсто Мукоски (67), Љубен Арнаудов (66), Сашо Василевски (67), Жаклина Пешевска (66) и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски (67) на денешната седница. Барањето беше поднесено од надлежниот орган – Основен суд Скопје 1, Одделение за организиран криминал и корупција.

Последни измени ( вторник, 05 декември 2017 )