Македонската Нотарска комора стана дел од...
понеделник, 04 декември 2017

vasko4we.jpgДелегација од Нотарска комора на Република Македонија составена од Васил Кузманоски, нотар од Охриди м-р Анастазија Анастасовска, стручен соработник беше на работна посета во Брисел, Белгија а по повод генералното собрание на Советот на нотаријатите на Европската Унија (CNUE) кое се одржа на 1 декември, 2017 година каде НКРМ беше и формално претставена како член - набљудувач.

За време на посетата делегацијата на НКРМ оствари средба со в.д. амбасадорот Влатко Станковски во Мисијата на Република Македонија во ЕУ. Претседателот Кузманоски го запозна  Станковски со процесот низ којпомина НКРМ за дастане дел од CNUE, а се разговараше  и за  улогата на нотарите во правниот промет.


Приемот на НКРМ во CNUE од страна на Мисијата на РМ во ЕУ се оценува како особено позитивна посебно заради размената на искуства со нотаријатите во Европа кое е особено значајно и потребно доколку се земе во предвид важноста на поглавјето 3.23 Правосудство и фундаментална правда.

На генералното собрание на CNUE, Претседателот на CNUE Гарсија-Колантес,пред претставниците на нотаријатите на 22 земјите членки на ЕУ, ја поздрави делегацијатана НКРМ, која за овој настан беше придружувана од претставник на Мисијата на РМ во ЕУ, ѓ-а Александра Вуковиќ, втор секретар, која во обраќањето го истакна своето задоволство и посака топло добредојде на НКРМ во европското семејство.vasko3we.jpg


Претседателот Кузманоски пред аудиториумот се заблагодари за дадената поддршка, доверба и едногласно донесената одлука НКРМ  да биде прифатена како член набљудувач. Членството во CNUE е позитивен знак како за НКРМ така и за Република Македонија која чекори напред кон влез во ЕУ.  Во своето обраќање Претседателот Кузманоски ја истакна сериозноста на ситуацијата предизвикана во правниот промет на Република Македонија со Законот за нотаријатот од 2016 година, но и ја поздрави одлуката на Владата на РМ и Министерството за правда за отпочнување напроцесот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот кој во моментов е актуелен. Преку CNUE се отвора можност задоближување на нашиот нотаријат што е можно поблиску до европскиот, а тоа значи и можност за надоградување и проширување на видиците и дополнување на знаењето преку размена на искуства.

 

На генералното собрание на CNUE, покрај многуте актуелни теми беше презентирана и специјален извештај за оценка на правна професија на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ) во соработка со CNUE. Во заклучоците се истакнува дека латинскиот тип на нотаријатсе практикува во поголемите делови на континентална Европа и е битен фактор за обезбедува ефикасен пристап до правда за граѓаните и компаниите. Во улога на превентивна правда, нотарите дејствуваат непристрасно и помагаат кон спречување на судски спорови, ја контролира законитоста на трансакциите и придонесуваат во борбата за спречувањето на перење пари и финансирањето на тероризам.

 

 

Последни измени ( понеделник, 04 декември 2017 )