Кривична поради обид за силување во партиски штаб
петок, 13 октомври 2017
siluvanje1w.jpgСВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.П.М. (20) од с.Требеништа, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување”. Пријавениот на 07.10.2017 година околу 18.40 часот во с.Требеништа во штаб на политичка партија ја соборил на земја К.П.(30). Но, после нејзините молби да ја пушти, пријавениот во еден момент застанал и почнал да и се извинува, ја оклучил вратата, и оштетената успеала да избега.