За Рипли: Во изборната кампања во Дебарца влезе покрив
понеделник, 09 октомври 2017

pokriv1ww.jpgВо избирната кампања во Дебарца за градоначалник и членови на Советот на Општината,вклучен е и покривот на еден од кандидатите за градоначалник.

Од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се одлучиле во кампањата да го вклучат и покривот на смејената куќа на Зоран Ногачески,кандидат за градоначалник од СДСМ-Дебарца.

Во своето официјални соопштение од ОИШ на ВМРО-ДПМНЕ се наведува:

 

Кандидатот за градоначалник од СДС кој е завземен од небулозната теорија дека има капацитет да ја води општината,  од ден во ден се повеќе не убедува во спротивното. Имено, сакаме да го прашаме Ногачески, како ќе донесе живот во Општина Дебрца, кога тргнувајќи од тоа како се грижи за сопстениот дом, повеќе од сигурно е дека таков човек не и треба на Општина Дебрца. Ногачески само ги замајува граѓаните на Дебрца со неговите лаги, немајќи конкретна програма со рокови и проекти, ветува дека ќе протече мед и млеко во Дебрца, мислејќи дека колку поголемо лажно ветување ќе даде, толку повеќе ќе ги убеди граѓаните. Граѓаните многу добро знаат кој работи, кој реализира проекти, кој остава дела позади себе, а на луѓето како Ногачески кои користат само излитени фрази, времето им е поодамна изминато.

Како може да му се верува на човекот кој ќе донесел живот борејќи се за Општина Дебрца, како ќе се грижи за Општина Дебрца, кога кровот на неговиот дом е тотално распаднат, покажувајќи каков домаќин е тој всушност, се вели во соопштението

 

Последни измени ( понеделник, 09 октомври 2017 )