Избор за мис на жени во инвалидиски колички
недела, 08 октомври 2017
misk1q.jpgПолска фондација го организираше првиот меѓународен избор на мис за жени во инвалидски колички, во обид да ја промени перцепцијата на јавноста за лицата со телесен инвалидитет.

Белорусинката Александра Чичикова, 23-годишна студентка по психологија, беше крунисана во Мис инвалидска количка, на изборот што се одржа во Варшава, а на кој учествуваа 24 млади жени од 19 држави. Зад неа се пласираа Јужноафриканка и домашната претставничка.

Настанот го организираше фондацијата „Само еден“, која беше основана од две жени-инвалиди, кои се обидуваат да ги урнат бариерите, со кои секојдневно се соочуваат луѓе во колички.

„Сакаме да ја промениме сликата за жените во инвалидска количка. Тие имаат право да бидат сѐ што ќе посакаат и да се чувствуваат убаво“, велат од фондацијата.

Ваков избор на мис се одржува во Полска веќе четири години, но сега за првпат доби меѓународен карактер.