Обид за силување во партиски штаб во Требеништа
недела, 08 октомври 2017

siluvanje1w.jpgВо партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во селото Требеништа кај Охрид,  имало обид за полов напад врз кандидатка за советник од истата партија за идниот Совет на Општината Дебарца.

Обидот за силување синоќа го пријавил К.П од селото Требеништа,а како сторител го посочил Ф.П.М.

 

Обидот за полов напад во порсоториите на општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Требеништа кај нас беше пријавен синоќа.Можам да кажам дека против сторителот ќе биде поднесена пријава,изјави портпаролот на ЦВР-Охрид Стефан Димовски.

 

Со соопштение денес се јавија и од Општиснкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ  од Дебарца

 

“ОИШ Дебрца, Кандидатот за Градоначалник и кандидатите за членовите на советот најостро го осудуваат насилството и вчерашниот инцидент што се случил во просториите на изборниот штаб во село Требеништа.

Ги повикуваме надлежните институции до крај да го расчистат случајот и да се превземат мерки согласно законите во Република Македонија”, се вели во соопштението.