Приведен Р.Р кој сакал да го испрска Груевски со...
четврток, 05 октомври 2017
sprejovi1q.jpgПолицијата вечерва приведе граѓанин кој се обиде да го испрска Никола Груевски со спреј додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говореше на митинг кај хотелот „Јадран“ во центарот на Скопје. Според очевидци, додека Груевски зборувал, граѓанинот се обидел да се качи на бината, но бил запрен од обезбедувањето и тој тогаш се обидел нив да ги испрска со спреј. Најверојатно станува збор за спреј за самоодбрана.

Потоа интервенираше полицијата и го однесе граѓанинот во полициската станица „Беко“. Додека полицајците го ставале во комбе, со лисици на рацете, тој им рекол: „Добро бе, зар да ќутам?“. Со приведениот граѓанин, во станица беше и однесен неговиот велосипед.

На митингот, на кој зборуваа и скопскиот градоначалник Коце Трајановски и кандидатот за градоначалникот на Центар Дејан Јовановски, продолжи без оглед на инцидентот.

Од МВР го потврдија инцидентот и велат дека станува збор за 36-годишниот Р.Р., кој се наоѓа во полициска станица и во тек е разговор со него.

„Лицето Р.Р. (1981) се обидело да прска со спреј на митингот, обезбедувањето навреме го спречило и полицијата брзо интервенирала“, велат од МВР.

извор:СДК