ЕК ја оправда употребата на сила во Каталонија
среда, 04 октомври 2017
repre1q.jpgЕвропската комисија целосно застана на страната на Шпанија во поглед на неделниот референдум за независност на Каталонија, заклучувајќи дека соодветната употреба на сила била оправдана, за да се заштити владеењето на правото.

„Ние ги обликувавме нашите демократски општества според три принципи: демократија, владеење на правото и човекови права. Тоа се три столба, кои не можат еден без друг. Регионалната власт на Каталонија одлучи да го игнорира законот кога го организираше референдумот во неделата“, изјави Тимерманс.

Тој ја бранеше и употребата на полициската сила.

„Да бидам јасен, насилството не ги решава политичките проблеми, тоа никогаш не е одговор или солуција. Сепак, должност на секоја влада е да го спроведува законот, а тоа понекогаш бара соодветна употреба на сила“, додаде Холанѓанецот.

И други европски парламентарци ја нарекоа каталонската влада неодговорна и ја повикаа да не прогласува независност еднострано, „зашто тоа би можело да доведе до ескалација на ситуацијата“.

„Неодговорно е што каталонската влада ја дели Шпанија. Европска Унија нема намера да се меша