"Монструм" се враќа на повторно судење?
вторник, 03 октомври 2017
monstrum22w.jpgЈавниот обвинител Лилјана Спасовска на денешната јавна расправа во Врховниот суд побара  да се укинат пресудите на Апелациониот суд и на Основниот суд Скопје 1 за случајот  „Монструм“ и случајот да се врати на повторно судење,

Петтмина беа обвинети и осудени на доживотен затвор за убиството на 4 момчиња и еден рибар кај Смилковското Езеро, кое се случи на 12 април, пред празникот Велигден,  во 2012.

Обвинителката Спасовска пред завршување на јавната расправа  побара поради неутврдената фактичка состојба  во случајот “Монструм“, но и поради постоење на прислушувани разговори во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), да се укинат пресудите на скопскиот Апелационен суд и на Основниот суд Скопје 1 од Скопје и случајот да се врати на повторно судење.