Претепан e Елвис Бајрам
понеделник, 02 октомври 2017
presme1ww.jpgГрадоначалникот на Шуто Оризари Елвис Бајрам е примен со повреди на главата во болницата „8 Септември“ по тепачка во неговата населба меѓу две групи околу 18 часот. Од болницата велат дека Бајрам бил удрен со тап предмет по чело, но нема скршеници или потрес на мозок. "Удрен е со тап предмет по глава во делот на челото и нагоре. Има рана од 8 сантиметри и сошиен е со шест конци. Нема скршеници, нема потрес на мозок“, изјави Христијан Костов, директорот на „8 Септември“, кој уште не знаеше дали Бајрам ќе биде задржан или пуштен на домашно лекување.

Првичните информации од МВР се дека имало тепачка меѓу две групи во Шутка, најверојатно, поради кинење плакати. Елвис Бајрам, кој е син на пратеникот на Амди Бајрам, се кандидира за уште еден градоначалнички мандат. Пред болницата „8 Септември“ се неговите најблиски, кои велат дека четири лица го нападнале додека бил на средба со граѓани.