Кичевчанецот пукал со "деветка" врз...
четврток, 28 септември 2017

kicevo1.jpgПолициски службеници од полициската станица во Кичево, синоќа во 18 часот и 50 минути, го приведоа и од слобода го лишија А.А. (58) од кичевското село Горно Строгомиште. Приведувањето  е извршено на булеварот „Ослободување“ во Кичево а при преглед врз истиот, пронајдено е и одземено  огнено оружје-пиштол марка „сиг сауер“ калибар 9 милиметри.

Приведувањето е извршено непосредно по пријавено пукање со пиштол, случено на булеварот „Ослободување“  во 18 часот и 40 минути а извршено  од сега приведениот кон лицата А.А.(40) од кичевското село Србјани,  Д.А.(58) од Кичево и Ш.Д.( 54) од кичевското село Грешница. Тие со повреди се пренесени во Општата болница во Кичево по што А.А. (40) и Д.А.(58) поради сериозноста на повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Повредениот Ш.А. е пуштен на домашно лекување,изјави портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

 

На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител и стручни полициски екипи.Притоа, пронајдени се чаури кои се подигнати и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

 

По целосно документирање на случајот, полициската станица од Кичево, денеска против сега приведениот А.А. ќе поднесе соодветна кривична  пријава.