Жените во Саудиска Арабија конечно можат да...
среда, 27 септември 2017
saudi1q.jpgЖените во Саудиска Арабија добија право да возат откако кралот Салман издаде декрет со кој што се дозволува возачки дозволи да им бидат издавани и на жени. Забраната за жени да возат беше еден од столбовите на саудискиот конзерватизам и едно од главните барања на активистите за реформи во кралството. Декретот на саудискиот крал доаѓа среде опширна реформска програма и следува по минатонеделното укинување на забраната за жени да присуствуваат на спортски натпревари. Ова е најголемата општествена промена во Саудиска Арабија, каде што улогата на жената во јавниот живот е драстично ограничена.