Почина најбогатата жена на светот
сабота, 23 септември 2017
betankur1q.jpgЛилијан Бетенкур, наследничката на францускиот козметички гигант „Л‘Ореал“ и најбогата жена на светот, почина на 94-годишна возраст во Париз, потврди нејзиното семејство.

Таа ја напушти управата на компанијата во 2012 година и оттогаш ретко можеше да се види во јавност, но на последната листа на магазинот „Форбс“ котираше како најбогата жена на светот.

Со проценето богатство од 33 милијарди евра, Бетенкур се наоѓаше на 14. место на оваа листа.

Родена во Париз, таа беше единственото дете на Ежен Шулер, кој го основал „Л‘Ореал“. На компанијата и се придружила кога имала само 15 години, а наследничка на акциите на татко и станала во 1957 година.

По повлекувањето на 89-годишна возраст, таа беше наследена од внукот, што беше проследено со медиумски силно експонираната правна битка со нејзината ќерка, која тврдеше дека Бетенкур не е ментално способна да ги врши работите.