Колоски до Нимиц:Преговорите за името да...
петок, 22 септември 2017
koloski00.jpgВо низата на состаноци што ги одржа во изминатите три дена, претседателот на ОМД, Колоски, оствари средба и со специјалниот медијатор во преговорите за името на ОН, Метју Нимиц На средбата Колоски уште еднаш го повтори ставот на ОМД дека преговорите за името мора да се прекинат, повторно нагласувајќи дека 137 земји веќе ја имаат признато Македонија под своето уставно име. На овој состанок, ОМД потенцира уште еднаш дека не го прифаќа ставот на двете најголеми Македонски политички партии за референдум за името на Република Македонија, притоа истакнувајќи дека Владата на Република Македонија има мандат да се придржува до Уставот на Република Македонија во целост, а според истиот не постои никакво отворено прашање околу желбата и одлучноста на народот за името на својата држава - Република Македонија.