Фејс дава шанса за се замолчат...
четврток, 21 септември 2017
fejs1q.jpgЗа 13 години колку што постои, Фејсбук ни даде низа неверојатни можности: да се поврземе со луѓе што не сме ги виделе со години, да ги следиме животите на другите, па и да проверуваме што прават бившите љубови.

Се зборува дека дури и кралицата Елизабета Втора има таен профил.

Но, Фејсбук, исто така, знае да биде здодевен, што особено се однесува на оние кои постојано објавуваат каде се и што јадат.

За таа цел, Фејсбук развива нова алатка, што ќе ни овозможи да ги замолчиме здодевните пријатели.

Слично на опцијата што ја има Вотсап, со оваа алатка ќе можеме да замолчиме пријатели, фан-страници и групи на 24 часа, седум дена, 30 дена или засекогаш и таа веќе беше тестирана кај корисници во САД.

„Тестираме нови начини, за да им овозможиме на луѓето поголема контрола врз тоа што сакаат да го гледаат на својот профил. Целта е да бидат поврзани со она што најмногу ги интересира“, изјавија од Фејсбук.