Заев се поздрави со Трамп
понеделник, 18 септември 2017
trampzaev1q.jpgремиерот Зоран Заев денеска се поздрави со  Доналд Трамп во Њујорк на настан организиран од американскиот претседател за приклучување кон политичката декларација за реформата на Обединетите нации, соопштија од Владата. Како што објави Заев на социјалните мрежи, тој ја поддржал иницијативата на Трамо за реформи на ОН, предложени од генералниот секретар на организацијата.

„На средбата со претседателот Трамп изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН“, се вели во соопштението од Владата.

Заев, е во Њујорк за Генералното Собрание на ОН, придружуван е од министрите за надворешни работи и за дијаспора Никола Димитров и Едмонд Адеми.

СДК