Словенија е европски првак во кошарка
недела, 17 септември 2017
srebro1q.jpgКошаркарите на Словенија за првпат во својата историја станаа европски шампиони, откако во финалето во Истанбул ја совладаа Србија со 93:85. Словенија ја освои титулата, забележувајќи максимални девет победи на првенството што се играше во четири држави.

На својот последен натпревар во дресот на Словенија, Горан Драгиќ постигна 35 поени, од кои 26 во првото полувреме.

Со овој пораз, Србија заокружи необична колекција, бидејќи истовремено е носител на олимписко, светско и европско сребро.