Балканско финале на ЕП во кошарка во Истанбул
петок, 15 септември 2017
finale2ee.jpgВо недела во 20,30 часот на ЕП во кошарка во Истанбул ќе се одигра балканско финале.Прв финалист беше репрезентацијата на Словенија,а по вечершнава победа на Србија над Русија со резултат 87:79 таа ќе биде вториот финалист.

 

Од балканските екипи на ЕП најголемо изненадување беше лошиот пласман на кошаркарите на Хрватска кои загубија токму од Русија,а денес оставка поднесе и тренерот на репрезентацијата  на Хрватска Александар Петровиќ.