Службеничка во САД потрошила 200 илјади долари за ...
петок, 15 септември 2017
kazna200p.jpgЕдна поранешна државна службеничка од Арканзас признала дека незаконски користела кредитна картичка, откако било утврдено дека трошела јавни пари за лични потреби, вклучувајќи и костум за своето куче.

Кристи Гос требаше да се појави на суд наредната недела, но таа претходно се изјаснила како виновна.

Властите ја обвиниле Гос дека потрошила 200.000 долари државни пари, при што за своето куче купила костум, перници, дијамантски ѓердан и осигурување, а на ист трошок посетувала и локални спортски натпревари.

Судот објави дека казната ќе и биде изречена на 22 ноември.