Охриѓанец починал од струен удар
среда, 13 септември 2017
Охриѓанец починал од електричен удар при работа на објект во Струга.oluk1q.jpg

 

На 12.09.2017 година околу 11,30 часот во Струга на ул.„Едвард Кардељ“ Г.М. (44) од Охрид неговиот брат А.М. и М.П., извршувале градежни работи (местеле олуци), на куќата на Ј.Б., при што Г.М. со олук допрел електрична жица од далековод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде се наоѓал, при што добил електричен удар и паднал. Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Општата Болница во Струга, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од ПС Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.