Црвен крст донираше прибор за 114 првачиња
вторник, 12 септември 2017

donac1q.jpgВо рамки на хуманитарната собирна акција под мотото „Дарувајте радост на првачињата“, Младите на Црвен крст Охрид собираа училишен прибор кој денес го донираа во 7 основни училишта во Охрид и Дебрца, наменета за 114 првачиња.

 

Изразуваме благодарност до поединци, фирми и институции кои ја помогнаа оваа хуманитарна акција,велат во Црвен крст во Охрид.

donac3q.jpg

 donac2q.jpg