Марш во знак на сеќавање на Аргир Маринче
вторник, 12 септември 2017

marsk1w.jpgЗдружението на граѓани „Свети Василиј“ и Советот на месната заедница од село Куратица соопшти дека по повод 114-та годишнината од битката кај Рашанец ќе се организира посета-марш до вечниот дом на војводата Аргир Маринов-Маринче и неговите востаници.

Битката кај Рашанец е најголемиот настан во охридско, кај народот познат и како втор „Мечкин Камен“. На ова место 117вооружани востаници (со примитивно оружје и недоволно муниција) воделе нерамна борба со безмалку три илјаден турски аскер.

Маршот е закажан 13-ти септември(среда) со почеток  8,30 од сретселото Куратица. Запознавање со детали од настанот од 1903, одржување на говор (историски час) кај местото на загинувањето на војводата Аргир Маринче и неговите востаници-сожртви.

Поради конфигурацијата на теренот препорачливо е учесниците да носат соодветни обувки и облека. Храна и пијалак е организирана од страна на  организаторот

Должината на маршот е околу 6 километри во еден правец.