Пецаков:Бакрачевски останува во трката за...
петок, 08 септември 2017

Врз основа на извршените проверки на рејтингот на листата за можни кандидати за градоначалник на Охрид се наоѓа и досегашниот прв човек на градот Никола Бакрачески,ни изјави денес претседателот на ОК на ВМР-ДПМНЕ во Охрид д-р Кирил Пецаков.

bakrac8000m.jpg

Пецаков не сакаше да ги коментира некои информации објавени во одредени македонски медиуми дека Бакрачески се откажал од  уште една кандидатура за градоначалник и оти му се заблогодарил на ВМРО-ДПМНЕ и на неговиот лидер Никола Груевски.

 

Што сакате, да кажам дека тоа не е точно.Сакам да изјавам само дека на листата на можни кандидати за градоначалник од нашата партија се наоѓа и Никола Бакрачески.Во тек се консултации внатре во партијата и ние пред истекот на рокот  за доставување на името на нашиот кандидат то јавно ќе го соопштиме”..вели Кирил Пецаков.

 

Во Охрид како кандидати за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се споменуваат  СтефанДимовски,портпарол  на СВР-Охрид,Љубен Арнаудов,доскорешен директор на Општата болница во Охрид,Сашо Василески,лекар,Сашо Стефаноски екс директор на ФЗО,Харалампие Шокароски,Цвтеко Грозданов.

 

Меѓу охриѓаи Бакрачески ќе остане запаметен како  градоначалник кој вети многу проекти а реализира многу малку,од кои неколку се во тек на  реализација.