Принцот Вилијам и Кејт очекуваат трето дете
среда, 06 септември 2017
treto1qq.jpgПринцот Вилијам и неговата сопруга Кејт го очекуваат третото дете, беше официјално соопштено од палатата Кенсингтон.

„Кралицата е воодушевена од веста. Како и при претходните две бремености, војвотката страда од силни утрински мачнини“, се вели во соопштението на Палатата.

Детето ќе биде петто во низа за наследување на престолот, со што чичкото Хари падна на шестото место.

Убавата вест дојде само неколку дена пред првородениот син, принцот Џорџ, да тргне на училиште. Тој ќе учи во приватно училиште во јужен Лондон, каде што школувањето чини 17.600 фунти годишно.

Џорџ се роди во 2013 година, две години откако Вилијам и Кејт направија свадба, а ќерката Шарлот Елизабет Дајана ја добија во 2015 година.