Тунтев го искара Шилегов заради...
понеделник, 04 септември 2017
tuntev333.jpgКоординаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев му забележа на неговиот сопартиец Петре Шилегов дека со барањето да се поддржат предлозите на опозицијата на денешната собраниска седница, ја искомпликувал работата.

„Шилегов, не моравте да го барате тоа од Илија Димовски, ја искомплициравме работата. Ве молам воздржете се од коментари во иднина“, го искара Тунтев Шилегов.

Владејачкото мнозинство ги поддржа предлог законите на опозицијата за зголемување на платите на администрацијата за 5 отсто, ваучери за студенти за набавка на компјутери и за измени во законот за извршување, да бидат ставени на дневен ред на денешната собраниска седница и да се расправа по нив по скратена постапка. По скратена постапка ќе се расправа и за пакетот закони за ранливи категории предложени од СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по прифаќање на нивниот предлог, се заблагодари до мнозинството, и тоа на барање на пратеникот на СДСМ Петре Шилегов.
„Ставањето на дневен ред на овие измени не значи и нивно усвојување. По усвојувањето ќе се знае дали администрацијата ќе го добие покачувањето од пет отсто. Ова може да биде тактика на мнозинството со ставање на дневен ред, но потоа нашиот предлог да не биде гласан од владејачкото мнозинство“ рече Димовски.

Собранието е на пауза, расправата ќе продолжи после 15 часот.

СДК