Бакрачески ги остави охридските ученици без...
сабота, 02 септември 2017

bakrac01.jpgГрадоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и неговата екипа ги остави охридските ученици без бесплатен превоз,иако според Законот за основно образование ученикот има право на бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште.

На само неколку дена до почетокот на новата учебна година, учениците во основно образование кои досега го користеа организираниот превоз, сега ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат бидејќи Бакрачески и неговите експерти, навремено не избрале превозник кој ќе го спроведува тој превоз”,реагираат од СДСМ-Охрид  на односот на градоначалникот кон опоотрребите на учениците.

 

За да биде покусо се јавија пропагандните труби на локалната,враќајќи се назад неколку години кога тендери подготвуваше н предходната власт од СДСМ.

 

 

Тендерските постапки за превоз на ученици се комплетно завршени во средните училишта, а во неколку основни училишта постапките се поништени од страна на директорите поради постигнати повисоки цени од пазарните. Овие постапки се обновени и се очекува за неколку дена да завршат. Директорите на основните училишта во рамки на своите законски можности ќе обезбедат превоз за секој ученик на територијата на општина Охрид за што на првиот училишен ден ќе бидат известени учениците и родителите,велат о оокалната самоуптава во Охрид,.