Серена Вилијам роди девојче
сабота, 02 септември 2017
serena1000k.jpgСерена Вилијамс (35) роди девојче, објавије повеќе американски медиуми во петокот.

Бебето, кое е првороденче на тениската суперѕвезда било родено во медицинскиот центар Сент Мери, објави Палм Бич Пост. Не е објавено името на бебето.

„Нормално е дека сум супер возбудена. Не можам да го опишам чувството со зборови“, изјави нејзината сестра Венус Вилијамс за спортската ТВ станица ЕСПН за време на Ју Ес Опен во Њујорк.

Поранешната тенисерка бр. 1 и освојувач на 23 гренд слем титули, вклучувајќи ја и годинешната на Австралија опен ја објави бременоста на снепчет во април и најавува дека ќе се врати на терените во 2018.

Поп ѕвездата Бијонсе и тенисерот Рафаел Надал биле првите што ѝ честитале на Серена за ќерката.

Вилијамс е свршена со коосновачот на интернет мрежата Редит, Алексис Оханиан. Двојката е во врска од 2015 година.