Се подготвуав театарска претстава со силна порака
сабота, 02 септември 2017
edu1ee.jpgМладите на Црвен крст Охрид вклучени во програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција, (ПХВ-ЦКА), предводени од ПХВ инструкторите се подготвуваат за одбележување на Неделата на промоција на хумани вредности која традиционално се реализира од 21-27 септември.

На дводневна работилница која викендов се одржува во Едукативниот тренинг центар во Велестово младите ќе подготвуваат театарска претстава и други содржини со кои во деновите на Неделата на Промоција на хумани вредности ќе испратат силна порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирање кои се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме.