Чеченија ги забрани разводите
недела, 27 август 2017
kadirov900.jpgСтотици разделени двојки во Чеченија биле принудени да се смират, откако регионалниот лидер Рамзан Кадиров го забранил разводот, посочувајќи го како причина за големи социјални проблеми.

Како што објави државната телевизија, 948 двојки повторно биле споени, во рамките на програмата на Кадиров за семејно помирување.

“Мора да ги разбудиме луѓето, да зборуваме со нив и да им објасниме. Мора да ги вратиме жените на мажите кои ги напуштија и да ги помириме, тоа е приоритет“, изјави Кадиров.

Тој ја лансираше оваа идеја во јуни, сметајќи дека децата чии родители се разделени се поподложни на екстремизам. Притоа беа востановени специјални комисии за хармонизација на семејните односи, на чие чело се наоѓаат локални верски водачи. Телевизијата “Грозни“ објави дека имало масовен одзив на повикот на Кадиров.