Зверев го декласира Федерер на турнирот во Монтреал
понеделник, 14 август 2017
zverev33e.jpgГерманецот Александер Зверев стана самиот третиот тенисер што го победил Роџер Федерер годинава, откако 20-годишниот Германец го победи Швајцарецот во финалето на турнирот во Монтреал со 6:3, 6:4.
За Федерер (36), тоа беше самиот третиот пораз на 38 меча во 2017 година. Швајцарскиот тенисер се уште може да се искачи на првото место на АТП листата ако резултатите на турнирот во Синсинати неделава одат во негов прилог. Федерер, кој ги пропушти турнирите на земјена подлога, во Монтреал го играше првиот турнир по триумфот на Вимблдон на 16 јули.
„По одморот и тренинзите, ова беше мал шок за моето тело. Се чувствував добро цела недела. Имав малку болки во мускулите, само затоа што се вратив на терените со тврда подлога“, изјави Федерер.
Тој рече дека набрзо ќе донесе одлука дали ќе настапи во Синсинати.