"Лето без пожари"-едукативна кампања
сабота, 12 август 2017

protivp1q.jpgВо рамките на кампањата „Лето без пожари“, продолжуваат мерките и превентивното делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари на подрачјето на СВР Охрид. Кампањата е со цел поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите релевантни субјекти за координирано преземање на неопходни активности  и навремено локализирање на пожарот.    

Во рамки на соработка на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и и Јавното претпријатие „Македонски Шуми“-подружница Струга, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ беше реализиран превентивниот проект „Лето без пожари“. Полициски службеници од граничната полиција Регионален центар  Запад и претставници на Јавното претпријатие, ја реализираа едукативната кампања со делење флаери и едукативни совети до патниците на граничниот премин „Ќафасан“ за влез во Република Македонија за заштита од пожари и намалување на опасностите по шумите и националните паркови. Една од целите на проектот е јакнење на јавната свест кај граѓаните за неопходната заштита на шумите како национално богатство од пожари, навремено забележување и информирање за настанат пожар до релевантни субјекти за нивна брза реакција, навремено организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства со цел преземање на заеднички понатамошни мерки.