Ја нападнал сопругата и заработил кривична
петок, 11 август 2017

nasilie1ww.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Г.Д. (43) од струшкото село Ложани.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 29-ти јуни годинава околу 22 часот во семејниот дом во селото Ложани, каде поради нарушени  брачни односи настанала жестока вербална расправија со неговата сопруга. Во еден момент од караницата, сега пријавениот Г.Д. физички ја нападнал сопругата, силно стегајќи ја со рацете во пределот на подлактиците и надлактиците и влечејќи ја со цел да ја затвори во собата за да не излегува од дома. Притоа, тој предизвикал страв и вознемиреност кај сопругата и и нанел видливи телесни повреди што подоцна биле констатирани во Општата болница во Струга.