За прв пат стартува Олимписки пливачки маратон
среда, 09 август 2017
maraton1a.jpgКлубот за спортови на вода “ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008” Охрид, со задоволство го најавува одржувањето на, за прв пат во Македонија, Олимпискиот пливачки маратон на 10 км. “Охрид 2017” кој ќе се реализира на 12.08.2017 г. (сабота) на Охридското езеро на водената површина помеѓу “Старото пристаниште-х".Палас” и х." Милениум".

 

 

Предвидено е стартот на трката да биде во 12 ч., а пристигнување на пливачите на целта се очекува околу 14 ч. кога ќе се доделат медаљи на победниците.За регуларноста на Пливачкиот маратон на 10 км., како олимписка дисциплина, ќе се грижат судии/делегати од Меѓународната пливачка федерација ФИНА.

Последни измени ( среда, 09 август 2017 )