Реал Мадрид го освои Супер купот
вторник, 08 август 2017
man1ww.jpgРеал Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:1 во Супер купот на УЕФА во Скопје. Касемиро и Иско беа стрелци за шпанскиот тим на „Филип Втори“ во Скопје и му ја донесоа четвртата титула во ова натпреварување, додека за англискиот тим голот го постигна Ромелу Лукаку. Најголемата ѕвезда на натпреварот, Кристијано Роналдо, кој играше во Манчестер Јунајтед пред да дојде во Реал Мадрид, влезе во игра во 83. минута на местото Карим Бензема, кога резултатот веќе беше 2:1.